Резултатите од анализите на млекото од Србија изработени во холандска лабораторија покажуваат дека речиси 70 проценти од примероците од испратеното млеко ја надминуваат границата од 0,05 микгрограми на килограм (мг/кг).
Во соопштението на сајтот на српското Министерството за земјоделство се наведува дека ниту еден примерок на млекото не содржи афлатоксин М1 во вредност поголема од дозволената во Србија. Лабораторијата утврдила дека 31,25 отсто примероци од испратеното млеко не ја надминуваат границата која ја поставила ЕУ.
Дозволената граница на афлатоксин во млекото во ЕУ е 0,05 мг/кг, додека Србија неодамна ги врати нивоата дозволени до пред две години од 0,5.
Министерството за земјоделство вчера го прими извештајот од лабораторијата РИКИЛТ Вагенинген од Холандија за присуство на афлатоксин М1 во 48 примероци од млеко кои по налог на инспекцијата е повлечено од рафтовите на продавниците во Србија на 19 февруари 2013.
Според увидот во извештајот од лабораторијата, кој е поставен на сајтот на Министерството за земјоделство, два примерока ја надминале границата од 0,5 мг/кг афлатоксин по килограм. Од лабораторијата појаснуваат дека доколку се земе предвид стапката на отстапување од 29 отсто, ниту еден примерок не го надминува дозволеното ниво во Србија.
Производните серии на млекото за кои со оваа анализа е утврдено дека одговараат на стандардите на ЕУ ќе бидат вратени во продажба, додека останатите ќе бидат уништени во согласност со законот, се наведува на сајтот на српското Министерство за земјоделство.