Журинда: Балканот е стабилен и без признавање на Косово

Од:

Стабилизација на западен Балкан е можна и без признавање на Косово, но клучот за европска перспектива е да се подобри односот помеѓу Приштина и Белград, изјави денес поранешниот словачки премиер и шеф на дипломатија, а сегашен член на Одборот за надворешна политика, Микулаш Журинда.

-Фактот дека Словачка не го призна Косово не е пречка за стабилизација на западен балкан -изјави тој.

Журинда нагласи дека за европска перспектива на Косово се потребни економски, социјални и правосудски реформи, а дека клучот за Косово и целиот регион е во подобрување на односите помеѓу Белград и Приштина.

-Акцент во дијалогот треба да се стави на децентрализација на државната управа и индивидуалните граѓански права – изјави тој.

Посетата на косовските пратеници ја организираше Британскиот совет, а целта е да се стекнат сознанија за реформите во економијата и социјалните области.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина