Куманово: Владата донираше запленети пакети на поплавените

Од:

По штабот за справување со кризи и владата денеска донираше пакети со облека, обувки и средства за лична хигиена, на поплавените 175 семејства во Куманово.

Помошта во текот на денот ќе им биде поделена на домаќинствата. Наредните денови очекуваме и поголема техничка стока, која ќе се даде на семејства. Затоа ги повикуваме корисниците кои живејат во близина на Центарот, во текот на неделата да ја подигнат оваа помош, а за оние кои се подалеку ние ќе им доставиме. Оние лица кои се запишани од Центарот за социјални работи ќе ја добијат неопходната помош – изјави директор на Центар за социјални работи од Куманово, Даниел Живачки, за „Куманово њус“.

На семејствата им се исплатени и по 15 илјади денари, а пакетите за помош се од Царинската управа и Агенцијата за управување со конфискуван имот.

Би можело да ве интересира

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица