Полицијата на Норвешка денеска соопшти дека во синоќешната хеликоптерска несреќа загинале шест лица.
Со цивилниот хеликоптер, кој се урна во северниот дел на Норвешка, се превезувале петмина Норвежани, а пилотот бил од Шведска
Спасувачката служба соопшти дека хеликоптерот Ербас АС350 бил во сопственост на компанијата Хелитранс.
Норвешките власти покренаа истрага за несреќата.