Британката Каролин Гај (52) од Петингем и нејзините две деца имале огромна среќа што никој од нив не бил во куќата на тркала во моментот кога се случил еден необичен инцидент. На нивната куќа, имено, паднала грутка од замрзнат измет со пречник од околу половина метар, што предизвикало значителна штета и направило две големи дупки на кровот и подот.
Кога во саботата ја разбудила силна “експлозија”, најпрво помислила дека куќата на тркала, која веќе две години стои на нејзиниот имот се нашла на мета на крадци.
Ја проверила вратата, но не забележала ништо сомнително, па се вратила на спиење.
Дури кога на пладне дошла да го исчисти караван возилото, во кое во изминатите две години станувала со своите деца, додека амбарот на имотот го адаптирала за живеење, открила дека на покривот и на подот има големи дупки со пречник од околу 50 см, додека секаде наоколу има парчиња мраз со жолто-кафеава боја, кој се ‘уште делумно бил замрзнат.
Каролин, како “доказен материјал”, ги сочувала во замрзнувач. Им се обратила на надлежните за воздухопловен сообраќај, затоа што верува дека грутката од замрзнат човечки измет, која на ваков начин ја погоди и оштети нејзината куќа на тркала, испаднала од некој од авионите кои секојдневно прелетуваат над нејзината куќа, бидејќи имотот лежи во близина на аеродромот.
Каролин исто така верува дека за ова некој би требало да одговара.
Можев да загинам! Чиста среќа што во тоа време ниту јас ниту децата, не бевме во возилото, во кое живеевме до пред два месеца – вели таа.
Освен стравот и опасноста, Каролин Гајев претрпе и материјална штета, бидејќи имала понуда, својата куќа на тркала да ја продаде за 5.000 фунти, додека сега “не вреди ништо.”
За 40 години, пет луѓе се погодени со замрзнат измет
Од Управата за цивилно воздухопловство, сепак, и одговорија дека за инцидентот никој не е одговорен и дека во прашање е последица од едно од”истекувањата” како што им се случуваат на авионите од време на време, од тоалети, разладни уреди или системи за снабдување со вода.
Водата која протекува, при тоа се собира на надворешноста на авионот и на голема висина се замрзнува, додека при спуштањето почнува да се топи и отпаѓа во форма на грутки мраз. “Ваквите инциденти се ретки, но понекогаш се случуваат”, соопшти британската Управа за Цивилно Воздухопловство.
Во текот на изминатите 40 години, забележани се пет случаи во кои луѓето се погодени од замрзнат измет од тоалетите во авионите.