Мадуро: Можно враќање на преговорите со опозицијата

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека неговите претставници може да се вратат на преговорите со опозицијата, кои беа прекинати овој месец.

Мадуро во интервју објавено денеска за кинеската агенција Ксинхуа вели дека „добри вести“ можат да се слушнат во наредните денови во врска со преговорите во кои посредува Норвешка.

Претседателот на Венецуела ги напушти преговорите со лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, поддржуван од САД, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нов пакет економски санкции за Венецуела.

Мадуро рече дека неговите претставници се во контакт со опозицијата.

Економската и политичката криза во Венецуела принуди околу четири милиони луѓе да ја напуштат земјата последната година.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски