Вардар поразен од Кил во полуфиналето на „Супер Глоуб“

Од:

Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз од германски Кил со 30:34 (15:17) во полуфиналето на „Супер Глоуб“, кое се одржува во Саудиска Арабија.

Лошото второ полувреме како и одличниот голман на гостите, Данецот Никлас Ландин, кој беше прогласен за играч на мечот, беа најзаслужни што „црвено-црните“ нема да ги гледаме во саботното финале.

На средината на второто полувреме, Германците направија клучна серија од 7:0 со која поведоа со 20:29 и потоа само го доигруваа дуелот.

Дибиров, Шишкарев и Чупиќ со по пет гола беа најефикасни во „црвено-црниот“ тим. Билик даде девет, додека Екберг постигна шест за бундеслигашот.

Вардар во битката за третото место на неофицијалното Светско клупско ракометно првенство во сабота ќе се соочи со поразениот од втората полуфинална пресметка меѓу Барселона и домаќинот Ал-Вехда.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска