Парли: ЕУ е резервирана за американската операција во Ормускиот Теснец

Од:

Француската министерка за одбрана Флоренс Парли изјави денеска дека Европската унија е резервирана кон американската поморска операција во Ормускиот Теснец, додавајќи дека некои земји сакаат да испратат европска мисија во таа област како начин за одвраќање.

– Не сакаме да бидеме тука да ги следиме бродовите, но сакаме да обезбедиме присуство како мерка за одвраќање, истакна Парли пред неофицијалниот состанок со останатите министри за одбрана на ЕУ во Хелсинки.

Таа потврди дека Франција ја поддржува идејата за испраќање набљудувачка мисија во таа област.

На министрите за одбрана во текот на попладнево на состанокот им се придружија министрите за надворешни работи на ЕУ. Повеќето од нив биле воздржани кон таа европска мисија.

– Целта е да се гарантира слободно пловење и безбедност на бродовите во таа област, која е важна за транспорт на нафта, истакна министерката Парли.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер вчера најави започнување на операцијата Сентинел во Ормускиот Теснец со учество на Велика Британија, Австралија и Бахреин.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија