ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ предлага професор да може да раководи со новото обвинителство

Од:

Десет од педесетина амандмани успеаа да усогласат пратениците во текот на речиси целиот ден. Комисијата ефективно заседаваше само 15-тина минути на која експресно поминаа десетте амандмани кои во најголем дел се однесуваа на технички прашања како преименување на обвинителството и одлука за буџетот со кој ќе располага.

„ВМРО-ДПМНЕ вкупно предложи 14 амандмани од кои четири беа прифатени, иако истите не се дел од суштинските теми. Во следните денови ќе продолжат преговорите меѓу власта и опозицијата“, рече пратеникот Антонијо Милошоски.

Тој кажа дека дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се изборот на обвинителот на новото обвинителство да биде на предлог на опозицијата, како и принципот на хиерархија и субординација- предметите на СЈО во судска постапка да одат кај државниот обвинител и потоа тој да ги распредели во Обвинителството за организиран криминал, како и изборот на обвинителот да не биде само од редот на обвинители, туку да може да конкурираат и професори.

За овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ велат дека мешањето на политиката ќе влијае врз независноста на обвинителскиот систем, но ќе почекаат да ги слушнат аргументите за сите амандмани.

„Усогласени се десет амандмани, важно е дека е откочен процесот, се надеваме конструктивно да продолжиме“, рече пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.

Вкупно биле доставени 54 амандмани за законот за обвинителството од кои три се повлечени. 16 амандмани партиите доставиле на законот за Советот на обвинители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште