(ВИДЕО) Детска клиника: Децата кои беа оставени во возило во Ново Лисиче во добра здравствена состојба

Од:

Двете деца, женско дете на возраст од седум години и машко дете на возраст од четири години, кои синоќа беа оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче, по што полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и со возило на Итната медицинска помош се донесени во Клиниката за детски болести се во добра здравствена состојба и ќе бидат отпуштени. Контактиран е Центарот за социјални грижи и понатаму постапката оди според законот.

Ова денеска го изјави доктор Весна Мицевска од Одделот за пулмологија при Клиниката за детски болести, која рече дека мајката е со децата на Клиниката.

Посочи дека децата при приемот на Клиниката биле лесно дехидрирани, што не било последица на престојот во автомобилот, оддавале впечаток на запуштени, валкани во нечисти алишта, во свесна состојба, исплашени и свесни со уредни витални параметри.

– Хоспитализирани се на Одделот за пулмологија Б за опсервација, направени се рутински лабораториски анализи кои се со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Тие се во добра здравствена состојба и се планира нивно отпуштање, додаде доктор Мицевска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека основна причина за фатален исход при затворање деца во возила е затопленост и дехидрацијата и сите последиците до кои доаѓа при подолг престој во затворен простор при високи температури.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски