Најголемите чешки финансиски институции се мета на кибер-напади поради што денеска не функционира електронското банкарство, јави дописникот на МИА од Прага.
Дел од банките, меѓу кои и „Комерчни банка“, „Рајфајзенбанк“ и „Ческа спорителна“, потврдуваат дека нивните интернет страници имаат проблеми во функционирањето, но негираат дека дошло до „истекување“ на било какви важни информации на клиентите.
Во изминатите два дена беа забележани блокирања на неколку чешки медиумски портали, за кои беше соопштено дека се ДДоС напади, односно вештачко оптоварување на интернет страниците.
Ова се случува по минатонеделниот бран кибер-напади врз медиумски и други интернет страници ширум светот, меѓу кои и на „Епл“, „Мајкрософт“ и „Фејсбук“.