Евростат: Еврозоната се подлабоко во рецесија

Од:

Еврозоната во последното тримесечие од 2012 година се подлабоко влезе во рецесија, се вели во податоци на европската служба за статистика, Евростат.

Економијата на еврозоната бележи пад за 0,6 отсто во последното тримесечие од 2012 година во споредба со третиот квартал кога „ослабе“ за 0,1 отсто, се вели во соопштение на Евростат, јави ДПА.

Економијата на Европската унија во тој период бележи пад за 0,5 отсто, по малиот раст од 0,1 отсто во третиот квартал.

Во споредба со последниот квартал во 2011 година, економијата е намалена за 0,9 отсто, а ЕУ за 0,6 отсто.

Економијата на еврозоната според Евростат, во целата 2012 година „потонала“ за 0,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот