Молдавија отвори конзуларно претставништво во Струмица

Од:

Делегации на Република Македонија и Република Молдавија, синоќа во хотелот „Сириус“ во Струмица го официјализираа отварањето на конзуларното претставништво на Молдавија во Струмица.

Како што истакна неговата екселенција, амбасадорот на Молдавија за Македонија, Бугарија и Албанија со седиште во Софија, Александру Пригорски, со отварањето на првиот конзулат во Струмица се зацврстуваат долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји и народи.

– Ја одбравме Струмица за место на првото наше конзуларно претставништво од причина што веќе постојат одредени врски на пријателство и соработка. Струмичкиот регион, како и нашата држава Молдавија им дава предност на аграрот, градинарството и овоштарството, рече амбасадорот Пригоски.

Со отворањето на конзулатот, нагласи, ќе ја зацврстиме и унапредиме соработката како на полето на трговијата, така и во областа на транспортот и инвестициите.

– Македонија и Молдавија се пријателски земји и во истовреме членки на ЦЕФТА. Со отварањето на конзулатот ќе се даде динамика на постојните врски мегу бизнисот од двете држави, изјави Јован Андоновски, државен секретар во Секторот за евроинтеграции во Владата на РМ.

За прв конзул на Република Молдавија во Македонија е поставен Дарко Арсов од Струмица.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја