(ВИДЕО) Петров: Што може да понуди Јагнула освен гола политика и споменици?

Од:

„И староста може да биде убава“, ова е напишано на бараките во пензионерскиот дом „13 Ноември“ во Злокуќани и дека е лесно се да се напише, но во стварноста да не е така го покажува овој пример.

Пензионерите живеат во мизерни услови, во руинирани објекти, живот каков што не доликува на некој што го изодел животниот век. Денеска пензионерите ги посети, кандидатот за градоначалник за општина Карпош, од Сојузот за иднината, Андреј Петров.

Констатираше дека пензионерскиот дом е руиниран, а пензионерите живеат во тешки услови.

Вети изградба на нов современ пензионерски дом со сите потребни услови.

„Планираната површина на градежната парцела ќе биде 2.500 метри квадратни, градбата ќе биде по светски стандарди, со современи енергетски материјали и обновливи извори на енергија.

– Во рамките на објектот ќе функционира и медицинска ординација, а ќе има и содржини за забава, рекреација и социјализација. Изградбата на објектот ќе чини еден милион евра“, изјави Петров.

Вети дека општината ќе субвенционира дел од средствата за сместување на пензионерите.

Петров рече дека зад  него стојат проекти и праша што може друго да понуди Јагнула освен гола политика и споменици од кои што на граѓаните им е преку глава.

Катерина Цаневска Арсовска

 

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?