Бузлевски на средби со жителите во Подмочани и Грнчари

Од:
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Ресен Димитар Бузлевски ја почна предизборната кампања со средба во населбите Подмочани и Грнчари.
– Не случајно тргнувам од овие населби. Грнчари и Подмочани се пример за етнички соживот. Овде нема проблеми меѓу Македонците и Албанците, верувам така ќе биде и во иднина, рече Бузлевски.
Претставувајќи ја својата програма, тој вети вложувања во земјоделството зашто ресенскиот регион, рече, е препознатлив пред се по производството на јаболка.
– Знам дека на поголем дел од вас, егзистенција ви се јаболката. Оттука, моето ангажирање како градоначалник ќе биде, да се оформи општинска водна организација која ќе придонесе за поквалитетен род, изнаоѓање партнери за откуп на јаболковиот род. Со цел намалување на производствената цена, ќе настојувам електричната енергија во овоштарниците да се наплаќа како за домаќинствата, а целосно ќе се заложам и за изградба на складишни простори за чување и дистрибуција на јаболкото, истакна Бузлевски.
Кандидатот за градоначалник вети и изградба на малски спорски терени, отворање на граничниот премин Маркова Нога.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември