Цената на сирова нафта утрово се зголеми, по веста за смртта на венецуелскиот претседател Уго Чавез.
Во текот на 14-годишното владеење на Чавез, призводството на нафта во Венецуела значително се намали, поради недостиг од вложувања во нови истражувања.
Аналитичарите пак сметаат дека промени во производството на нафта може да се очекуваат дури по изборот на нов лидер.
-Проблемот во Венецуела без сомневање ќе влијае врз пазарот, но тој може многу бргу да се избори со тоа – изјави главниот аналитичар на компанијата „СМС Маркетс“ од Сиднеј, Рич Спунер.
Тој додаде дека Венецуела поседува големи резерви, со разумно високи цени, кои се во склад со актуелните односи помеѓу резервите и побарувачката.
Европскатата марка „брент“ која се користи за одредување на цената, на различните видови на странска нафта порасна за 33 центи, на 111,94 долари за барел.
Елена Георгиевска