Не можеме да дозволиме се да уништите, е пораката на францускиот претседател Емануел Макрон што му ја упати на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро по повод пожарите во Амазонија.
Макрон посочи дека иако поголем дел од Амазонија е бразилски, тоа е и светско прашање бидејќи тоа се белите дробови на планетата.
– Го почитуваме вашиот суверенитет. Тоа е ваша земја. Но, прашумите на Амазонија е прашање што се однесува на цела планета. Ние можеме да ви помогнеме во пошумувањето. Можеме да најдеме средства за вашиот економски развој, кој е во согласност со природната рамнотежа, но не можеме да ви дозволиме се да уништите, посочи Макрон.
Францускиот претседател по Самитот на Г-7 призна дека Европа со тоа што увезува соја од Бразил има дел од вината за земјоделскиот притисок врз прашумите.
– И ние сме дел соучесници, наведе Макрон.
Болсонаро претходно ја одби помошта на лидерите на Г-7 за борба против пожарите во Амазонија, нарекувајќи го колонијалистички чин.
Макрон истакна дека лидерите на Г-7 се согласиле да издвојат 20 милиони долари за борба против пожарите, како и долгорочна иницијатива за заштита на прашумите, но Болсонаро одби помош.