Хонг Конг: Разговорот со демонстрантите без напредок

Од:

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам изјави дека се сретнала и разговарала со група млади луѓе за протестите кои се случуваат во тој кинески град, но нема напредок ниту по едно барање од демонстрантите.

Лам истакна дека на затворениот состанок денеска го објаснила ставот на Владата за петте барања на протестното движење.

Таа ги оспорила критиките дека нејзината влада ги игнорира демонстрантите, чии барања вклучуваат демократски избори, откажување од обвинувањата против уапсените демонстрани и независната истрага за употреба на прекумерна сила од страна на полицијата.

– Не станува збор за нереагирање, туку се поставува прашањето за неприфаќање на тие барања, истакна Лам.

Во Хонгконг повеќе од два месеца траат протести во кои учествуваат главно млади луѓе.

Над 80 лица се уапсени минатиот викенд кога демонстранти ги окупираа градските улици, поставија барикади и фрлале цигли и молотови коктели во судирите со полицијата.

Лам минатата недела најави платформа за дијалог во која ќе бидат вклучени и демонстрантите, додека опозициските лидери ја доведоа во прашање искреноста на нејзината иницијатива, нарекувајќи ја „тактика на одложување“.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше