Велика Британија соопшти детали по повлекувањето на своите војници од Германија

Од:

Четири касарни ќе бидат затворени, изјави синоќа британскиот министер за одбрана Филип Хаманд, истакнувајќи детали околу плановите за повлекувањето на 16.000 британски војници од Германија до 2020 година.

Образложувајќи ја ваквата постапка како намалување на трошоците, Хаманд објасни дека 70 отсто од војниците ќе се вратат во Велика Британија до крајот на 2015 година, а последните 4.300 војници ќе бидат повлечени до крајот на 2019 година, со што на британските даночни обврзници ќе им се заштедат 363 милиони долари годишно.

Во 2010 година официјален Лондон соопшти дека повлекувањето на британската војска од Германија претставува начин за заштеда на финансии.

– Тоа ќе биде крајот на една епоха, но поддржувањето на военото присуство во Германија е скапо и веќе не задоволува стартешки цели, како што беше за време на Студената војна, нагласи британскиот министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември