По смртта на венецуелскиот претседател Уго Чавес, потпретседателот Николас Мадуро ќе го преземе временото управување со земјата и најдоцна за 30 дена треба да организира вонредни избори за нов шеф на државата.
Мадуро ќе биде кандидат на владејачката Социјалистичка партија на Венецуела.
Според Уставот на земјата претседателот на Националното собрание би требало времено да ја преземе претседателската функција.
Венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Хава претходно истакна дека Чавес без двоумење го предложил Мадуро како свој наследник на чело на партијата, но и на земјата.