Американскиот претседател Барак Обама изрази поддршка за венецуелскиот народ, јавија западните медиуми, повикувајќи се на соопштение на Белата куќа во однос на смртта на Уго Чавез.
– Во овие тешки времиња САД ја потврдуваат својата поддршка за народот на Венецуела, се наведува во соопштението.
Венецуела отвора ново поглавје во својата историја, нагласи Обама, додавајќи дека Вашингтон сака да одржува конструктивни односи со венецуелската влада.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази сочувство на народот на Венецуела за смртта на претседателот Уго Чавез, кој направи многу за разојот на својата земја.
– Како генерален секретар на ОН сакам да изразам најдлабоко сочувство на семејствата, народот и Владата на Венецуела, истакна Бан.
Венецуелскиот претседател Уго Чавес (58) почина по двегодишна борба со ракот, со што заврши неговото 14-годишно социјалистичко управување со оваа земја. По последната операција и лекувањето во Куба, во јавноста се проширија гласини дека Чавес тешко се опоравува.