Владата на Венецуела прогласи седумдневна жалост по повод смртта на претседателот Уго Чавес, изјави министерот за внатрешни работи Елиас Хауа.
Погребот на Чавес ќе биде во петок.
Подоцна денеска телото на Уго Чавес ќе биде изложено во една од салите на Високата воена академија во Каракас.
Тридневна жалост поради смртта на Чавес беше прогласена и на Куба и во Еквадор.
Венецуелскиот претседател почина синоќа на 58-годишна возраст по двогодишна борба со ракот.