Освежување на знаменосецот

Од:

Нов дизајн и нова технологија за ŠKODA SUPERB: три и пол години по лансирањето на третата генерација, знаменосецот на чешкиот бренд е сеопфатно модернизиран. Уште повеќе, врвниот модел на ŠKODA за прв пат е достапен како SUPERB SCOUT, а до крајот на годината ќе биде воведен и хибриден SUPERB iV. Технолошкиот напредок, како што се LED предните светла со матрица и уште поширок спектар на иновативни системи за помош, го прават ŠKODA SUPERB еден од најбезбедните и најудобните автомобили во својот сегмент. Во однос на просторноста, тој претставува репер за автомобилите во класата.

ŠKODA дополнително го подобри SUPERB и SUPERB COMBI, ажурирајќи го својот предводник со нови технологии и уште пософистициран ентериер. Во пролетта 2019 година, третата генерација SUPERB, која беше воведена во 2015 година, ја надмина бројката на произведени 500.000 единици.

SUPERB COMBI учествува со околу 54% од моделот SUPERB продадени во Европа.

ŠKODA SUPERB постигнува значаен успех во класата, уживајќи во широка база на клиенти благодарение на многуте паметни решенија и придобивки кои ги нуди моделот. Она што семејствата најмногу го сакаат кај ŠKODA SUPERB е неговата просторност, разноврсност и исклучителна вредност за парите. Новиот SUPERB SCOUT допира до клиентите фокусирани на мултифункционалност и модерен начин на живот, а во исто време привлекува и нови групи купувачи.

Целосните LED Matrix светла за прв пат се достапни во понудата кај SUPERB. Опционалните LED задни светла сега вклучуваат и динамични индикатори. Новите системи за помош, како што се Адаптивниот Темпомат и системот за Странична Помош – која работи на оддалеченост од 70 метри – го зголемуваат високото ниво на безбедност на семејството SUPERB уште повеќе. Помошта при итни случаеви, системот за следење на коловозна лента и “Front Assist” системот за итно сопирање со предвидлива заштита на пешаците, исто така, се нови технологии во понудата.

Следејќи ги стапките на оригиналниот SUPERB, кој беше произведен помеѓу 1934 и 1949 година, ерата на современиот SUPERB започна во 2001 година и продолжи до 2008 година со својата втора генерација. Третата генерација го имаше своето деби во 2015 година; ŠKODA достигна до продажба на еден милион возила SUPERB, произведени ширум светот, во април 2017 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска