Израелската авијација изврши воздушен напад врз воената позиција на припадниците на палестинската група во Либан, во близина на сириската граница.
Целта била команда на Народниот фронт за ослободување на Палестина. Според либански безбедносни извори, нема повредени лица.
Нападот следеше еден ден откако беа соборени две беспилотни летала во јужното предградие на Бејрут, за кои од страна на либанската армија и Хезболах велат дека се израелски.
Како што е соопштено, при нападот причинета е материјална штета.