Во Мексико од почетокот на годината убиени се 12 новинари, соопшти Националната комисија за човекови права.
Според локалните медиуми, последната жртва помеѓу новинарите е Невит Кондес Харамиљо, основач на порталот „Ел Опсерваторио дел Сур“, кој во саботата е пронајден избоден до смрт во својот дом во Техупилка.
Во соопштението од Комисијата се наведува дека „насилството врз новинарите во сите облици е една од суштинските препреки за зацврстување на демократијата во Мексико“.