Премиерката на Норвешка и лидерка на Конзервативната партија Ерна Солберг достави рок до помалите коалициски партенри да се изјаснат за останување во Владата.
Доколку некои од коалициските партнери донесат одлука да се повлечат Солберг ќе биде соочена со малцинска Влада.
Спорот помеѓу четирите коалициски партенри настана за инвестициите во патиштата и јавниот превоз.
Доколку партиите одлучат да останат во владејачката коалиција ќе мора да го прифатат ултиматумот на Солберг.
Уставот на Норвешка не дозвиолува предвремени избори, а редовните се за две години.