САД и талибанците денеска во Доха ги продолжија преговорите за завршување на војната во Авганистан.
Американскиот претставник Залмај Халилзад денеска во Катар имаше состанок со преговарачот на талибанците мула Абдул Гани Барадар.
Барадар е еден од основачите на талибанците и има најголемо влијание врз членовите на бунтовничката група.
САД и талибанците пред две години почнаа директни преговори. Вашингтон сака да го намали военото присуство во Авганистан, каде сега се распоредени 14.000 американски војници.
Договор помеѓу талибанците и САД нема да овозможи крај на војната бидејќи талибанците треба да постигнат мировен договор со Владата во Кабул.