Директорот на штипската ветеринарна станица: Не сум се заканувал на активисти

Од:

Директорот на ветеринарната станица Штип, Крсто Митев се оградува од тврдењата на активистката Милка Докузова дека ја пријавил во полиција по нејзината објава на „Фејсбук“ за лошата состојба во стационарот за кучиња во Штип. Тој вели дека нема профил на „Фејсбук“ и дека не се замара со статуси на социјалните мрежи. Негираше и дека и праќал смс-пораки.

„Јас воопшто не користам социјални мрежи, ниту пак се замарам со тоа кој што пишува и објавува таму. Секој може да пишува што сака и да ме прозива, немам потреба да се кријам или плашам од никого. Сериозен човек сум имам 58 години, доктор сум по професија, одговорно си ја вршам работата и не гледам причина зошто би се влечел по судови, за некаква објава. Освен тоа две недели не сум бил тука, бев на одмор во Грција. Ако таа објавила смс-пораки и тврди дека се мои, не знам што да кажам. На социјалните мрежи се постира се и сешто и не треба се да се зема здраво за готово“, вели Митев.

Милка Докузова, активстката од Штип се уште стои на ставот дека, Митев ја пријавил во полиција, затоа што во својот статус го прозвала дека неодговорно си ја врши работата како надлежен за стационарот за кучиња. Таа рече дека првично на телефон и се јавувала вработена од стационарот и барала да ја отстрани објавата, а потоа и директорот Митев. Откако увиделе дека не попушта на притисоците и праќал смс-пораки со закана дека ќе ја тужи, но Докузова вели дека ги игнорирала. По ова, како што тврди таа и дошла полиција на врата и кажале дека има пријава за навреда од страна на директорот на ветеринарната станица Штип.

Инаку , активистката Докузова веќе подолго време на социјалните мрежи објавува фотографии и коментари со кои укажува на нехуманите услови во стационарот за кучиња во Штип.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови