Поделена владина помош за поплавените семејства во штипско Ново село

Од:

Во штипската населба Ново село, 36-те семејства чии домови беа поплавени денеска добија помош од Владата.

Три камиони со теписони, бела техника, облека и средства за хигиена пристигнаа и се делат на семејствата кои имаа штети од излевањето на реката Брегалница.

Семејствата изразија огромна благодарност до Владата за пристигнатата помош. Ангел Панајотов вели дека е благодарен што Владата била хумана во моментите кога им било најтешко на семејствата, на кои поплавата им однесе се што заработиле.

Комисијата за проценка на штети при Општина Штип досега има примено над 50 пријави од страна на граѓани и фирми за претрпени штети, а рокот за пријавување е продолжен до петок.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава