ВИДЕО: Компјутерот на Јанева од СЈО одземен со налог од Русковска

Од:

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување имотна корист.

Обвинителката Вилма Русковска рече дека од специјалното јавно обвинителство попладнево е одземен службениот компјутер на уапсената шефица на СЈО, Катица Јанева.

Русковска рече дека се прави и претрес во нејзиниот семеен дом во Гевгелија.

За синот на Јанева, Лазар, се уште’ нема основано сомнение за истрагата.

Засега нема наредби за претрес кај политичари, рече Русковска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра