ОМД го поздрави отварањето канцеларија за верски слободи во Канада

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува иницијативата на владата на премиерот Стивен Харпер да ја основа првата канцеларија за верски слободи во Канада.

Со годишен буџет од околу пет милиони канадски долари, канцеларијата ќе се фокусира на застапување на религиозните малцинства, анализа, развој на политика и програмирање, се во име на заштита на религиозните малцинства од верска омраза, како и промовирање на канадските вредности како што се плурализмот и разновидноста ширум светот.

– Одлуката на Канада да посветат ресурси за заштита на се поголемиот број на луѓе на кои им е одземено правото на верска слобода доаѓа во вистински момент, вели директорот за канадски операции на ОМД Џим Даикос.

ОМД, додава, со години се бори во првите редови за верската слобода на македонските православни христијани во Грција, кои не можат спокојно да веруваат во својата религија, ниту пак можат да го користат својот мајчин македонски јазик во религиозни церемонии без последици од државата.

Во октомври минатата година, ОМД беше домаќин на делегација составена од реномираниот активист за човекови права архимандритот Никодим Царкњас и регионалениот претставник на ОМД за Грција, Евгенија Нацилиду. Делегацијата одржа средби на високо ниво во Вашингтон и Отава, во кои се потенцираше систематското угнетување од страна на грчката влада на автохтоната македонска заедница во Егејска Македонија (северна Грција).

Огранокот на ОМД во Канада, како што соопштува оваа организација, заедно со други етнички медиуми пред извесен период имаа можност преку телефонски повик да постават прашања до канадскиот министер за државјанство, имиграција и мултикултурализам Џејсон Кени, кој одговараше на нив од неговата канцеларијиа во Калгари.

Во телефонскиот повик, како што се вели во соопштението од ОМД, Кени истакнал дека ширум светот се забележуваат се поголеми бранови на религиозни судења.

– Ние веруваме дека верската слобода е основно право на сите луѓе во светот.  Ако една држава се обидува да ги контролира или ограничува верувањата на нејзините граѓани, тогаш тоа влијае и на сите други права што граѓанините ги имаат, и таа земја станува тоталитарна држава, истакнал Кени.

Ова е втора институција од ваков вид во светот чија работа ќе биде да ја промовира верската слобода во светот, првиот е во Стејт Департментот на САД.  Меѓунанародната верска слобода во светот е клучен приоритет на Канадската надворешна политика.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски