Во Штип почнаа градежните работи на платформите над реката Отиња

Од:

Бугарската фирма „Кибилд“ од денеска продолжи со изградба на петте платформи и уредување на коритото на реката Отиња. Координаторот на проектот, Александар Арсовски вели дека веќе се ставаат темелите на последните столбови на платформата кај Градскиот плоштад „Слобода“.

– Мислам дека за помалку од месец дена оваа платформа ќе биде готова, значи градежните активности продолжуваат, вели Арсовски.

Тој додава дека поради интензивните градежни работи на платформите улиците од двете страни на Отиња ќе бидат повремено затворани за сообраќај.

Општина Штип проектот го реализира со заем од Светска банка во висина од 2 милиони евра. Реализацијата на проектот треба да го среди сообраќајниот хаос во централното градско подрачје и да обезбеди паркирање за околу 130 возила.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он