Грчкото МНР го следи прашањето со иранскиот танкер

Од:

Министерството за надворешни работи на Грција внимателно го следи прашањето со иранскиот танкер и е во комуникација, по дипломатски пат, со Вашингтон, велат дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите извори, грчката страна досега не добила барање танкерот да се вкотви на пристаништето во Каламата или на било кое друго пристаниште во земјата, нешто што утрово го потврди и министерот за поморство на Грција, Јанис Плакиотакис.

-Министерството за надворешни работи, истакнуваат истите извори, преку дипломатски пат е во комуникација со американската страна, чии позиции за конкретното прашање се познати и се соопштени не само на Грција, туку и на сите држави и пристаништа на Медитеранот, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според грчките медиуми, доколку иранскиот танкер навистина има намера да доплови во Грција и да се вкотви на некое од пристаништата, тоа би се случило или в сабота навечер или в недела.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата