Косовските власти пред дијалогот во Брисел, на претставничката на ЕУ, Кетрин Ештон и предале документ во кој го опишуваат присуството на српската полиција на северот на Косово и Методија, објави приштинскиот „Зери“.
-Верувам дека овој документ е доволен за да ја убеди Србија, дека треба да ја отстрани полицијата од територијата на Косово – изјави заменикот на косовскиот премиер, Хајредин Кучи.
По вчерашните преговори во Брисел, Хашим Тачи изјави дека е постигнат усмен договор за повлекување на силите.
Претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ истакна дека таков договор нема, бидејќи Србија нема безбедносни сили на Косово.
„Зери“ пишува дека Европската унија одлучи на дневен ред да го стави дијалогот Белград-Приштина, и дека ќе ги отстрани српските илегални структури, откако ќе ги разгледа документите од Приштина.
Елена Георгиевска