Во Кривичниот суд во Скопје на 5 септември треба да се одржи првото судско рочиште за сообраќјаната несреќа која што се случи кај Ласкарци.
Предметот ќе го суди судијата Диана Груевска Илиевска, која кратко време го судеше премиерот Зоран Заев за предметот „Поткуп“. Груевска Илиевска му беше заменичка на експретседателот на судот, Владимир Панчевски.
Скопското обвинителство поднесе обвинение против сопственикот на „Дурмо турс“ и еден вработен во фирмата, против возачот на автобусот и уште против три лица вработени во станицата за технички преглед.
Сите се обвинети за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ на 13 февруари во која 16 лица загинаа, а вкупно 38 патници беа тешко повредени.