СДСМ: Развојните политики во земјоделството даваат резултати

Од:

„За само две години, преку мерките на Владата предводена од СДСМ се враќа достоинството на земјоделците, расте побарувачката на производите, како на домашниот така и на странскиот пазар.

За разлика од црните години за земјоделството кога ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваше земјоделците, денес трудот на земјоделците се вреднува и цени, откупните цени на земјоделските производи се зголемени, имаме одржливо и конкурентно земјоделство, се повеќе пари завршуваат кај земјоделците.

Откупната цена на краставицата оваа година е зголемена за 145,8 проценти, а ако се спореди со 2013 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти“, се вели во соопштението на СДСМ.

„За доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто, а ако се спореди со 2015 цената на доматите бележи раст за 143 отсто.

Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.

Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм, што значи раст 67 отсто.

Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.

За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

Зголемувањето на цените директно влијае на повисока продуктивност за земјоделците, како и повеќе пари назад во нивните домашни буџети.

Владата предводена од СДСМ во активна соработка со Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство остануваат целосно фокусирани на подобрување на условите за земјоделците, спроведување на аграрни реформи кои значат помали трошоци и повеќе пари кај секој земјоделец“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он