Србија: Стигнаа резултатите од анализата на млеко во Холандија

Од:

Прелиминарните резултати од анализата на млекото од Холандија покажуваат дека одреден број примероци во себе содржат количество афлатоксин повеќе од 0,05 микрограми по килограм.

Но, официјалните податоци ќе се објават утре, соопшти државниот секретар во министерството за земјоделство, Дејан Крњајиќ.

Тој оцени дека нема причина за грижа бидејќи ниту еден примерок не ја надминува границата според новиот правилник 0,5 микрограми афлатоксин по килограм.

Крњајиќ додаде дека резултатите од холандската лабораторија ќе се објават утре бидејќи нивна пракса е два пати да се тестираат сите примероци, пред да се објават резултатите.

За решавање на аферата со млекото ќе влијаат и резултатите од анализата на пченката од резерви за присуство на афлатоксин, чие објавување исто така е пролонгирано неколку дена.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он