По вчерашните блокирања на неколку чешки интернет-страници, денеска повторно е нападнат интернет порталот сезнам.цз, јави дописникот на МИА од Прага.
– Се работи за ДДоС напад, што значи стремеж за оптоварување на нашите услуги за да изгледа дека на нашата страница се пријавени голем број компјутери од странство и таа не е достапна за нашите корисници, изјави портпаролката на порталот Ирена Затлоукалова.
Таа додаде дека се интензивно се работи на отстранување на проблемите.
Вчера, неколку чешки водечки медиумски веб страници беа недостапни поради хакерски напади.
Други локални медиуми засега не пријавиле проблеми. Ова се случува по минатонеделниот бран кибер напади врз медиумски и други интернет-страници ширум светот, меѓу кои и на „Епл“, „Мајкрософт“ и „Фејсбук“.