Фредериксен: Апсурдна е идејата за продажба на Гренланд на САД

Од:

Гренланд не е на продажба, а идејата да им се продаде на САД е апсурдна, порача вчера данската премиерка Мете Фредериксен откако економскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Вашингтон е заинтересиран за купување на овој остров.

-Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Искрено се надевам дека не се сериозни во намерата, рече Фредериксен за весникот „Сермитсиак“ во текот на посетата на островот што е во составот на Кралството Данска.

Британските медиуми најавуваат дека на почетокот на следниот месец Трамп доаѓа во посета на Данска кога со премиерката Фредирексен и премиерот на Гренланд, Ким Клисен, ќе треба да разговараат за Арктикот.

Економскиот советник во Белата куќа, Лери Кудроу претходно вчера изјави дека Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд“ иако од овој остров порачаа дека не се на продажба.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија