Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Од:

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска беше најавено негово догаснување. Центарот за управување со криза вчера на Фејсбук објави дека во текот на ноќта ќе има дежурни екипи за евентуално ширење на огнот.

„Пожарот над с.Буковиќ е локализиран. Активен е делот од пожарот помеѓу селата Ласкарци и Раовиќ. Во текот на ноќта ќе има дежурство од страна на БППЗ на Град Скопје за евентуално проширување на пожарот кон селата. До сега е зафатена површина од околу 100 хектари, а со интервенцијата ќе се продолжи во текот на утрешниот ден“ објави Центарот за управување со кризи на својата „Феjсбук“ страница.

Пожарот избувна вчера утрото околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума.

Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.

Би можело да ве интересира

Пожар во двор и на улица во Габрово – полицијата уапси жител на селото

Горан Наумовски

Драматична состојба на Крит: Пожарот неконтролирано напредува

Десет пожари на отворено регистрирани денеска низ државава, три сè уште активни

Предраг Петровиќ

ЦУК: Активни се пожарите во Долнени и Кичево, под контрола е пожарот кај Кавадарци

Шумски пожари во Турција: 3.500 лица, 23 авиони помагаат во гаснењето

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации