Српски полицајци херојски го спасија живот на деветгодишно девојче

Од:

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот на 9-годишно девојче, на автопатот Ниш-Белград.

Тие забележале човек како покрај патот стои и во рацете држи дете кое било во бесвесна состојба. Човекот се обидувал да го освести детето, кое не давало знаци на живот.

Полицајците веднаш реагирале и дошле до човекот за да му помогнат.

„Стоевме на автопатот Белград-Ниш и со радар меревме брзина на возилата, кога видовме комбе како застана, а возачот ни рече дека на патот стои маж и се обидува да ги застане возилата. Потоа и други ни рекоа дека човекот во рацете држи дете“ раскажуваат полицајците Александар и Владан.

Тиа велат дека ситуацијата била навистина сериозна, дека сите биле потресени. Со ротационо светло возеле кон човекот и тоа во спротивна насока, па морале да им блендираат на другите возила за да сфатат дека се работи за вонредна состојба. Сликата која ја затекнале била многу потресна, раскажуваат двајцата полицајци.

„Кога стигнавме видовме татко како го држи своето дете во раце, додека главата му ја држи со лактот за да не падне, зошто беше во несвест. Мајката цело време го држеше јазикот на детето за да не се загуши. Веднаш им рековме да влезат во нашето возило и тргнавме кон Белград. Додека се возевме комунициравме со службите на итна помош за тоа каде е најдобро да застанеме и да го пренесеме детето“ се присетува Александар Миленковиќ.

Велат дека цело време не знаеле дали девојчето е воопшто живо, но кога пристигнала брзата помош тие го разбудиле детето, кое подоцна било хоспитализирано.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката