Демолирана е новата табла која вчера беше поставена на централниот споменик на скопскиот плоштад, на која пишуваше дека Александар Велики припаѓа на античката хеленска историја и на светското културно наследство. Инцидентот се случил синоќа.
На таблата на македонски, албански н англиски јазик пишува „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.
Поставувањето на оваа табла е обврска согласно Преспанскиот договор.
Tројазичните табли на кои пишува дека споменикот е во чест на историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и светското културно наследство, беа поставени вчера на спомениците на Воинот на коњ, Олимпија и Филип Втори. Таблите се со големина на А4 формат и се залепени под или на оградата од мермерните фонтани.