„Инстаграм“ воведува функција за обележување лажни вести

Од:

„Инстаграм“ воведува функција за пријавување и обележување лажни вести. За да се пријави одредена содржина, ќе треба да кликнете на трите точки во горниот десен агол и да обележите „несоодветно“ или „лажно“, коешто се однесува на објавата.

Содржината може да биде означена како лажна вест, по проверка на тимот на „Инстаграм“ задолжен за тоа.

Претставничката на компанијата, Стефани Отвеј нагласи дека објавите со таква ознака нема да бидат целосно отстранети, но нивното распространување, со помош на хаштагови ќе биде минимализирано.

„Инстаграм“ е бесплатна платформа за споделување слики и видеоснимки којашто нуди опции за нивно уредување и споделување на други социјални мрежи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кукла Робот кој предупредува на лажни вести поставена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм