Во северниот дел на Косовска Митровица околу еден часот по полноќ се случила нова експлозија во која нема повредени но причинета е материјална штета, јави Танјуг.
Експлозивната направа била поставена пред мотелот „Бел двор“ во северниот дел на Косовска Митровица, спроти Ректоратот на приштинскиот универзитет во Косовска Митровица и Филозофскиот факултет.
Од силната експлозија искршени се стаклата на мотелот и на блиските станбени згради.
Припадници на косовската полиција го изолираа местото на детонацијата, каде во текот на денот ќе биде извршен увид на специјални екипи.
На местото се и војници на КФОР и на полицијата на ЕУЛЕКС.