Проблемите на венецуелскиот претседател Уго Чавес со дишењето се влошени. Социјалистичкиот лидер, кој беше опериран од рак во Куба, боледува од нова, тешка респираторна инфекција, соопшти владата на Венецуела.
Во официјалното соопштение за здравствената состојба на Чавес, објавено на телевизија, министерот за информации Ернесто Вилегас, истакна дека состојбата на 58-годишниот претседател на Венецуела останува многу деликатна и тој прима тешка хемотерапија.
Чавес во јуни 2011 година дозна дека боледува од неодреден вид на рак во областа на карлицата. Соопштено е дека тој бил опериран во Куба и подложен на хемотерапија. Во декември минатата година тој повторно замина за Куба, на операција. На 18 февруари се врати во Каракас и се наоѓа во воена болница во Каракас. Од последната операција венецуелскиот лидер се нема појавено во јавност.