А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Висока воена делегација од Бугарија во посета на Скопје

by А1он15/08/2019 - 15:3215/08/2019 - 15:37725
Share1

Висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, од утре ќе престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Генералот Боцев, утре, како што е најавено, во Министерството за одбрана и во Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила
Шекеринска.

Во текот на денот, генералот Боцев ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во текот на посетата делегацијата на бугарските Вооружени сили, ќе посети дел од командите и единиците на Армијата, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука, а ќе присуствува и на централната прослава на Денот на Армијата во Охрид

bugarijamakedonijaohridvoena delegacija

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:50

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

Исмаил по труењето на над 1.000 гостиварци: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Предраг Петровиќ17/07/2026 - 19:22

ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Предраг Петровиќ17/07/2026 - 17:45

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Предраг Петровиќ17/07/2026 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео