Царот Нарухито изрази каење поради улогата на Јапонија во Втора светска војна

Од:

Јапонскиот цар Нарухито денеска изрази длабоко каење поради улогата на Јапонија во Втора светска војна во своето прво појавување на годишната церемонија по повод 74 години од крајот на војната.

– Заедно со нашиот народ им оддавам почит на тие што ги загубија животите во војната и се молам за мир во светот и за понатамошен развој на нашата земја, истакна Нарухито.

Царот Нарухито (59) е првиот јапонски монарх роден по војната, а со својот денешен настап го следи својот татко, Акихито кој абдицира во мај.

Нарухито е внук на царот Хирохита во чие име се бореа јапонските трупи во Втората светска војна и кој на денешен ден во 1945 година објави безусловна капитулација на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија