Со крст на грбот патува низ светот

Од:

Одлучниот христијанин ја покажува својата посветеност во верата, така што последните 26 години носи голем крст на грбот, поминувајќи илјади километри, ширум светот.

Линдзи Хамон (60) пропатува 19 држави, вклучувајќи ги и Индија, Нов Зеланд, Ромунија и Шри Ланка.
Иако го исфрлиле од плоштадот на Св. Петар во Рим, во Бангладеш пукале во него, а го нападнале и верски фанатици тој е одлучен да продолжи со својата мисија.

-Луѓето реагираат кога ќе ме видат, започнуваат разговор со мене и ги делат личните приказни од животот. Љубовта која што ја добивам е неверојатна – изјави Хамон.

Крстот од борово дрво е висок 3,6 метри, широк 1,8 метри, а започнал да го носи од 1987 година, некогаш и по 12 часа дневно.

Хамон добива доброволни донации од луѓе кои што го подржуваат, за да остане на патот, а дел од тие што ќе го сретнат често му нудат храна и сместување.

Но поради семејството, мора да работи како неговател во родниот град Камборн, во Англија.

-Се обидов да ја оставам работата и на ова да се посветам целосно, но немав доволно пари – изјави тој.

Во моментов патува во Англија, а во мај планира да оди во Летонија, а потоа и во Камбоџа.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ