МЗТ потврди за смртта на нивниот поранешен кошаркар

Од:

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје на својот Фејсбук профил потврди дека синоќа убиеното 17-годишно момче бил нивен доскорешен член.

Тие изразија сочуство до семејството на Никола Христовски за нивната голема загуба со надеж дека вакви немили настани нема да се случуваат во иднина.

„Со голема тага и неверување утринава ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот доскорешен член, Никола Христовски (17 години), кој синоќа беше прободен со нож во населбата Ново Лисиче.

Сѐ уште не можеме да веруваме дека тој повеќе нема да биде со нас, а вечно ќе се сеќаваме на моментите од изминативе неколку години кога можевме да го видиме неговиот секогаш ведар лик на тренинзите на нашата младинска школа. Тренерите кои работеа со него секогаш ќе го потенцираат неговиот ентузијазам и љубов кон кошарката и кон МЗТ Скопје Аеродром.

На неговото најблиско семејство, роднини, пријатели и на сите кои барем малку го познаваа Никола им изразуваме длабоко сочуство за големата загуба, со надеж дека ваква трагедија никогаш и никому повеќе нема да се случи“, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Застрелал човек со кој бил на лов: кривична пријава за убиство од небрежност

Трагедија кај Елешец: Загина 18-годишно момче, тинејџер е тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е