ОН денеска изрази длабока загриженост поради информацијата дека авганистанските безбедносни сили убиле 11 цивили во провинција во близина на границата со Пакистан.
Расте бројот на цивилни жртви во Авганистан, и покрај обидите на САД и талибанците да постигнат договор за прекин на 18-годишната војна.
Главната владина безбедносна агенција тврди дека мета на операцијата било засолниште на талибанците и меѓу 11-те убиени милитанти имало и двајца команданти.
Мисијата на ОН за помош во Авганистан објави дека е длабоко загрижена поради убиствата во таа операција, а целиот случај го истражува тим за заштита на човековите права.
– Насилството врз цивилите мора да заврши, напиша мисијата на Твитер.
ОН наведува дека во првата половина на годинава се убиени и повредени речиси 4.000 цивили